Здравко Мамиќ доби неправосилна пресуда на шестипол години затвор од Судот во Осијек за финансиски измами со кои ги оштетил Динамо Загреб и хрватската држава. Но, ден пред донесувањето на одлуката Мамиќ побегна во БиХ, како што сам признава, „за подобро да се брани од слобода, а не да го јадат комарци на +40 во четири ѕида во хрватските затвори“.
„Не се сокривав од првата минута од мојот престој во Меѓугорје. Јавно кажав дека сум тука. Не се кријам. Ја скратив процедурата барем за неколку месеци, за да не мора да се истражува каде сум. Моментално сум во Меѓугорје, но ќе бидам насекаде во БиХ. Имам и адреса на живеење тука. Многу лесно може да ме најдат“ – вели Мамиќ и дополнува дека извадил и потврда за државјанство на БиХ и сега чека лична карта и пасош.
Добро е познато дека БиХ не ги испорачува на други држави своите државјани. А, на прашањето зошто одлуката не ја дочекал во судот во Осијек, Мамиќ категорични:
„Жив нема да одам во хрватски затвор. До понеделникот 300% бев убеден дека ќе бидам ослободен. Потоа во рака ми дојдоа документи, преписи од разговори меѓу Државното обвинителство и Република Хрватска, со нагласок на господинот Цвитан – поранешен државен застапник, како им се заканува на судиите и ги повикува дека тие добро знаат зошто се избрани за судии во судот во Осијек, и дека некако мора да ги вратат своите долгови а јас мора да бидам осуден. Во разговорот тие се противат, но тој вели: Или ќе ја завршите својата задача или нема да ве биде! Знаев дека тие документи се автентични. Имам сигурни информации дека сето тоа е вистина. И државните институции знаат за тоа, но чавка на чавка очи не боде, па тие ќе се штитат меѓу себе и нема да признаваат дека тоа е така. Сфатив за што се работи и одлучив да одам во егзил во својата втора држава БиХ. Да ја искористам можноста од слобода многу поефикасно да си ја бранам честа и угледот. Не сум мазохист, ама не сум и кукавица. Нема ни да се правам херој дека во овој момент требаше да седам во затвор во Осијек на +40 и да ме јадат комарци. Да бидам немоќен во докажувањето на мојата невиност“ – вели Мамиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА