Триесет и два тима, 64 натпревари во 32 дена, 12 стадиони во 11 града распространети на околу три илјади километри. Ова се основите бројки за 21. Светско фудбалско првнество кое денеска почнува во Русија. Натпреварот на домаќинот и Саудиска Арабија од 17 часот ќе го означи почетокот на Мундијалот кој светот со нетпрение го очекува веќе подолго време.
Селекциите учеснички на ова Светско првнество се поделени во осум групи со по четири тима. Најдобрите два од секоја конкуренција одат во нокаут фазата.
Се очекува за Мундијалот, во Русија да дојдат околу половина милион фанови. Натпреварите од шампионатот ќе ги гледаат околу три милијарди телевизиски гледачи. Русија направи големи напори, вложи огромни средства за да обезбеди функционалност и грандиозност на капацитетите кои ќе бидат користени, особено што беше под лупа поради тврдењата дека не ја добила „најчесно“ организацијата. Единствениот проблем ФИФА го има со ова Светско првенство е фактот што Русија како домаќин не ја првилече вообичаената бројка спонзори.
ФАВОРИТИ
Вообичаените „осомничени“ и на овој Мундијал се во редот фаворити за конечен успех.
Бранителот на титулата Германија повторно е во полна сила и е во обид да стане првата селекција која врзала два последователни торфеи по 1962 година. Германците обезбедуваа полуфинален палсман на четирите последни Светски првнества и се единствената селекција која што ги мина квалфикациите во европската зона со стопроцентен ефект.
Бразил е во обид да дојде до рекордната шеста титула. Нацијата која е единствена што учествувала на сите светски првнества досега, на трофеј чека уште од 2002 година.
Покрај Германија и Бразил во редот претенденти за трофејот влегува и финалистот од пред четири години, Аргентина на Лео Меси.
Гаучосите се надеваат дека конечно ќе блеснат на големо натпреварување, особено што ова би можела да биде и последната шанса за Меси да додје до трофејот што му недостасува.
Кристијано Роналдо и Португалија во Русија дојдоа како европски владетели. Па токму дд таму им потекнуваат и желбите и амбициите и за светски успех.
Селекцијата на Франција на шампионатот има ислкучително млад и возбудлив тим кој посакува на дваесетгодишнината од првата и засега едниствена титулата да и донесе нова слава на нацијата.
Шпанија е посебна приказна на ова Светско првенество. Квалитетите и капацитетите на шпанскиот состав секогаш се аргумент за фаворитиски статус, но „Фуријата “ ќе мора да го надмине хаосот што настана со смената на Лопетеги на еден ден пред почетокот на првнеството. Последната титула за Шпанија од Светските првенства е од 2010 година.
ДЕБИТАНТИ
Репрезентациите на Исланд и на Панама се селекциите кои што дебитираат на Светските првенства. Со популација од 335 илјади жители, Исланд е најмалата држава со мундијалски настап.
Во Панама беше прогласен државен празник кога националниот тим обезбеди палсман за Русија.
Светското првенство завршува на 15. јули. Финалето ќе биде на Лужники во Москва, истиот стадион на кој ќе биде означен и почетокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА