Египќаните можат да здивнат: Салах ќе биде подготвен за Уругвај

Речиси стопроцентно е сигурно дека Мохамед Салах ќе биде дел од составот на репрезентацијата на Египет на првиот натпревар на оваа селекција на Светското фудбалско првенство во Русија против Уругвај. Оваа информација доаѓа од селекторот на египетскиот тим, Хектор Купер.

„Речиси со сигурност можам да кажам дека тој ќе биде дел од тимот. Се надевам дека нема да има некои непредвидени проблеми во последен момент. Се обидуваме да направиме се за него. Тој би можел да биде прв стрелец на Мундијалот и еден од најдобрите играчи воопшто“ – рече Купер.

25-годишниот Салах се повреди за време на финалето од Лигата на шампионите во кое неговиот Ливерпул загуби од Реал Мадрид.

 

 

Се вчитува...