Путин ја прекина руската прес-конференција

Русија тргна фуриозно на стартот од СП 2018, селекторот Станислав Черчесов има за што да биде задоволен, но кормиларот на „зборнаја“ беше принуден да ја прекине својата прес-конференција по големата победа. Причина – телефонскиот повик што никако не смееше да го игнорира – од првиот човек на Русија, Владимир Путин.

„Тоа беше претседателот Путин. Ме замоли да го поделам со екипата неговото воодушевување, како и благодарноста за оваа одлична партија. Исто така, ни порача да продолжиме во ист стил“ – изјави Черчесов.

Рускиот кормилар е свесен дека неговиот состав ќе го очекува многу посериозен предизвик во второто коло, кога против себе ќе ја има селекцијата на Египет.

„Не бев нервозен пред денешниот дуел, бидејќи и ги познавам играчите и знаев дека ќе ја исполнат зацртаната задача. Немаше зошто да бидам под стрес, но на сите ни е јасно дека ќе мораме уште подобро да се подготвиме за Египет, тоа ќе биде многу посериозен предизвик за сите нас“ – истакнува селекторот на руската репрезентација.

 

Се вчитува...