Флорентино: Алисон за 78 милиони нека си потпише за Ливерпул

Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, но актуелниот европски првак јасно стави до знаење дека нема намера да го направи Бразилецот најскап голман на сите времиња. Првиот човек на Рома, Палота, најави дека очекува да заработи 78 милиони евра за овој трансфер, но не се чекаше многу на одговор од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Алисон Бекер за 78 милиони евра? За таа сума слободно нека си потпише за Ливерпул“ – кратка и децидна е пораката од Перез за Рома.

Во ситуација кога и Ливерпул не сака да плати богатство за бразилскиот голман, останува да се види дали „волчицата“ ќе ја намали сумата што ја бара, или пак ќе му понуди нов договор на Алисон за тој да остане уште најмалку една сезона на „Олимпико“.

Се вчитува...