Египетскиот селектор Хектор Купер во минатите денови даваше оптимистички изјави околу здравствената состојба на Мохамед Салах, но најдобриот фудбалер на „фараоните“ сепак не е подготвен да се најде во стартниот тим на денешниот дуел со Уругвај.
Асот на Ливерпул го нема во стартните единаесетмина и шанса ќе чека од клупата за резерви, додека на спротивната страна Уругвај ќе биде предводен од своите двајца клучни голгетери, Луис Суарез и Единсон Кавани.
УРУГВАЈ: Муслера, Варела, Хименез, Годин, Касерез, Нандез, Бетанкур, Весино, Де Араскаета, Кавани, Суарез.
ЕГИПЕТ: Ел-Шенави, Фати, Габр, Хегази, Шафи, Елнени, Хамед, Варда, Ел Саид, Мохсен, Трезеге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА