Барселона има проблеми да ги привлече клучните фудбалери од листата на желби, па така Антоан Гризман реши наместо да се пресели на „Камп ноу“, својата кариера да ја продолжи во дресот на Атлетико Мадрид. Разочарувањето на каталонскиот гигант е огромно бидејќи Гризман беше желба на сите, но Лионел Меси е убеден дека неговиот тим ќе доведе врвно засилување во текот на летово
Како што јавува весникот „Ел Мундо Депортиво“, тој веќе има и „план Б“ што го соопштил на клупската управа – барајќи од неа да се обиде да го донесе Мохамед Салах во Барселона. Египќанецот имаше сензационална сезона во Ливерпул, „црвените“ веќе имаат подготвено нов договор за него, но раководството на Барселона ќе се обиде да дојде до неговите услуги и да донесе и трет голем ас од Ливерпул, по Луис Суарез и Филипе Кутињо.
Како дел од понудата се споменуваат Дембеле, играч за кого Клоп има високо мислење, и голманот Силесен, но јасно е дека Ливерпул ќе стори се за да го задржи Салах, не дозволувајќи уште една ѕвезда да си замине од „Енфилд“ откако тоа во јануари го стори Кутињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА