Прв мундијалски ВАР пенал во историјата – Гризман не простува

Франција со многу мака дури во второто полувреме го скрши отпорот на Австралија, и тоа со историскиот прв пенал што беше досуден со ВАР-технологија на светските шампионати.

Антоан Гризман беше соборен во шеснаесетникот на „кенгурите“, судијата покажа играта да продолжи, но по прегледување на видео-снимката беше утврдено дека постоел контакт, па главниот арбитар ја промени својата одлука и покажа на белата точка.

Гризман беше прецизен од пенал и реализираше за водство од 1-0, но веќе во 62. минута Австралија израмни исто така од пенал, преку Јединак, откако Умтити реагираше почетнички играјќи со рака во шеснаесетникот.

Се вчитува...