Селекцијата на Бразил вечерва во Ростов го отвора настапот на Мундијалот во Русија, а прва пречка за „кариоките“ ќе биде Швајцарија. Селекторот Тите верува во својот тим, но и порачува дека Нејмар се уште не е стопроцентно подготвен. Но, и покрај тоа, поседува квалитети што секако се значајни за репрезентацијата и ќе биде дел од стартниот состав.
„Нејмар се уште не е 100% подготвен. Но, тој е, сепак, Нејмар. Еден од најдобрите фудбалери во светот и ние сме среќни што го имаме во нашата селекција. Лекарскиот тим вели дека ја надминал болката, но сега му недостига уште малку рутина за да ја достигне најдобрата форма. Се надевам дека како што ќе одминува Мундијалот, и Нејмар ќе биде на највисоко ниво. Сега размислуваме само за Швајцарија и посакуваме победнички старт на Светското првенство. Нема да биде лесно затоа што Швајцарците имаат навистина квалитетен тим“, вели Тите во пресрет на вечерашниот дуел на „Ростов Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА