Македонската репрезентативка Гентијана Рочи запиша феноменален гол за својот ЈиПК во Првата финска лига.
Рочи постигна извонреден гол со ножички во триумфот на ЈиПК од 5-1, во кој беше стрелец и на уште два гола. Македонската фудбалерка, поранешна членка на Борец Велес и Наше Такси, финските медиуми, токму поради овој погодок, веќе ја споредуваат со Кристијано Роналдо именувајќи ја во своите извештаи како „ГР7“…
-
Голот на Гентијана Рочи може да го погледнете на временскиот исечок – 1:30…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА