Буфон ги налути шеиците, пропаѓа трансферот во ПСЖ?

Џанлуиџи Буфон деновиве требаше да го официјализира трансферот во ПСЖ, но целиот процес неочекувано се пролонгира. Според француските медиуми, можно е легендарниот голман и воопшто да не дојде во ПСЖ.

Работата наводно, заглавила околу ставката од договорот за понатамошниот ангажман на Буфон. Италијанскиот голман не сакал да биде амбасадор на Мундијалот во Катар, а тоа ги налутило шеиците кои се главни финансиери во ПСЖ.

Во двегодишниот договор за италијанскиот ветеран со ПСЖ вреден 16 милиони евра, предвидено било Буфон да биде заштитно лице на следното СП во Катар. Тој пак не сака да биде во никаква врска со катарскиот Мундијал и сега е доведен во прашање целиот договор и трансферот во ПСЖ.

Се вчитува...