Пред денешниот тренинг на хрватската репрезентација, селекторот Златко Далиќ кратко, но и тоа како луто, објасни зошто го избркал Никола Калиниќ од Русија…
„Калиниќ се загреваше и требаше да влезе на мечот со Нигерија. Кога го повикав да влезе ми рече дека не е подготвен. Истото тоа се случи и на пријателскиот дуел со Бразил во Англија а сето тоа се повтори и вчера на тренингот кога повторно ми рече дека не може да тренира. А, мене ми требаат здрави и подготвени играчи и затоа го испратив назад во Хрватска“ – рече Далиќ, притоа одбивајќи да одговори на прашањето дали сето тоа е навистина поради повреди или поради сопствен инает затоа што не е во план за првиот тим на „коцкестите“.
Како и да е, за комплетната светска јавност јасно е дека Калиниќ на тој начин искажуваше револт кон селекторот поради изоставувањето од првиот тим. Па, на крајот веќе денеска си се врати во Сплит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА