Фенербахче попладнево и официјално објави дека досегашниот тренер Ајкут Кочаман заминува од клубот по неуспешната мината сезона.
Смената на највисокото раководство на Фенербахче носи и промена на тренерската функција во фудбалскиот колектив. На местото на Кочаман од утре нов тренер на тимот треба да биде холандската фудбалска легенда Филип Коку. Сето ова сигурно е добра вест и за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој кај Кочаман не ја даде очекуваната шанса.
Коку е стратег кој бележеше одлични резултати со ПСВ Ајндховен, тим со кој ја освои и титулата во холандското првенство. Холанѓанецот, согласно последните информации, веќе ги договорил личните услови, а договор е постигнат и меѓу Фенербахче и ПСВ Ајндховен. Турците ќе мора да му исплатат 2,5 милиони евра на ПСВ за да ги добијат услугите на Филип Коку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА