По Аргентина, Германија и Бразил и Англија за малку ќе останеше без посакуваната победа на стартот од Светското првенство во Русија. Но, за да не биде така се погрижи Хари Кејн кој со гол во 91. минута донесе триумф од 2-1 за „Гордиот Албион“ против Тунис во првото коло од Групата Г.
А, се на почетокот изгледаше дека ќе води кон лесен триумф на Англичаните. „Гордиот Албион“ брзо поведе со погодокот токму на Кејн уште во 11. минута…
И, кога Англичаните комплетно се контролираа на теренот од единствената своја акција пред голот на противникот Тунижаните добија оправдан пенал само поради непромислениот потег на Вокер кој со борачки зафат направи прекршок во својот шеснаесетник. Ударот од белата точка успешно го реализираше Саси во 35. минута.
Во второто полувреме, Англија стави се на една карта. Имаа три одлични шанси, но откако не ги реализираа во регуларниот дел, следеше голот на Кејн во првата минута од судиското продолжение. За голема радост на островјаните, и голема тага на Тунижаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА