Со многу среќа беше избегната трагедија на СП откако се запали едно од крилата на авионот со кој селекцијата на Саудиска Арабија леташе за Ростов.
Како што јавуваат руските медиуми, до пожар дошло поради технички проблем со моторот, но пилотот со максимална умешност успеал да го слета авионот, спречувајќи огромна трагедија.
Дел од фудбалерите за време на летот го забележале пламенот, во авионот дошло до паника, но набрзо состојбата се стабилизирала.
„Фудбалскиот Сојуз на Саудиска Арабија сака да ги увери сите дека членовите на репрезентацијата се апсолутно безбедни по малиот проблем со моторот на авионот“ – се вели во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА