Пари сен Жермен е многу сериозен во намерата да го доведе во своите редови Кристијано Роналдо. Насер Ал Келаифи го гледаше во живо дуелот меѓу Шпанија и Португалија на кој Кристијано одигра брилијантно, па „светците“ веќе подготвија и понуда за која веруваат дека ќе биде доволна за да се убеди Реал Мадрид на договор.
Имено, францускиот првак е подготвен да плати 100 милиони евра за Португалецот, плус тоа да го испрати во Мадрид својот најдобар стрелец Единсон Кавани. Со тоа „светците“ би ги споиле Роналдо и Нејмар, а згора на тоа би се ослободиле од Кавани, за кого не е тајна дека е во нарушени односи со бразилската суперѕвезда. Реал би добил врвен голгетер што сигурно е со повика класа од Карим Бензема, а згора на тоа би имал околу 100 милиони евра што новиот тренер Лопетеги би ги инвестирал во Еден Азар.
Клучен се чини сепак ќе биде ставот за иднината на самиот Кристијано. Доколку Флорентино Перез го убеди да остане, Реал би ја одбил оваа понуда, но информациите од Франција велат дека ПСЖ му нуди на Роналдо неверојатни 45 милиони евра по сезона. Во една таква ситуација самиот Португалец ќе инсистира на заминување, па интересно ќе биде да се види дали „кралевите“ ќе прифатат понуда во која е вклучен и Кавани, или пак ќе побараат некој друг фудбалер како дел од овој мега-трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА