Вториот меч од групата Х донесе ново изненадување, откако Полска беше целосно надиграна од страна на Сенегал, па овој натпревар заврши со заслужена победа на африканската селекција од 2-1. Сенегалците одиграа дисциплинирано во одбраната, додека во нападот ги искористија грешките на полскиот состав и заслужено стигнаа до трите бода, за голем чекор напред кон осминафиналето на овој мундијал.
Првото полувреме беше максимално здодевно се до 38. минута, кога Сенегалците тргнаа во офанзива, Геје шутираше, но топката на патот надвор од голот ја удри домашниот дефанзивец Ционек, изненадувајќи го голманот Шчешни и сместувајќи ја во сопствената мрежа.
Првата посеризна шанса Полска ја имаше преку Левандовски, но сенегалскиот голман одлично интервенираше при слободниот удар на асот на Баерн Минхен. А потоа, сите дилеми беа разрешени во 60. минута. Кога Криховијак направи катастрофална грешка со една повратна топка, која Нианг ја зеде, го мина Шчешни и ја смести во празната мрежа. Полјаците се жалеа дека Нианг воопшто не требал да биде на теренот бидејќи една минута претходно се жалеше на повреда, но судиите покажаа дека тој добил зелено светло да се врати назад на теренот само неколку секунди пред повратната топка на Криховијак.
Полска до крајот тргна во целосна офанзива, но успеа само да го ублажи поразот преку Криховијак во 88. минута.
Во второто коло Полска ќе се сретне со Колумбија во меч без право на грешка, додека Сенегал ќе ги одмери силите со Јапонија, во дуелот на двете селекции кои освоија по три бода во првото коло.
Senegal first goal, Thiago Cionek own goal.
Poland 0 – 1 Senegal #POLSEN pic.twitter.com/FaSoqjfgow
— live streaming (@phnetwit) June 19, 2018
Ummm so Senegal’s second goal came because the ref let an injured player wander back onto the pitch during play? pic.twitter.com/wongD7rX5F
— 12up (@12upSport) June 19, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА