Португалецот Кристијано Роналдо постиигна хет – трик на првиот меч против Шпанија, Уругвај со триумф може до осминафинале, а и Шпанија е голем фаворит против селекцијата на Иран.
ПОРТУГАЛИЈА – МАРОКО (14 часот)
Мароко беше непоразен на 18 натпревари по ред, но загуби на стартот од мундијалската кампања против Иран со 0-1. Ова е решавачки меч за селекцијата на Мароко, а ќе се соочи со Кристијано Роналдо и неговиоте сонародници, кои секако бараат пласман во втората фаза од Светското првенство.
„Немавме убедлив старт, но не заслуживме пораз од Иран. Сега немаме друга опција, тулу да се обидеме да го поправиме работите против Португалија. Но, ќе биде многу тешко“, вели Хаким Зијеч, 19-годишниот фудбалер на Ајакс и репрезентативец на Мароко.
УРУГВАЈ – САУДИСКА АРАБИЈА (17 часот)
Саудиска Арабија мина најлошо во првото коло од Светското првенство во Русија. Загуби со 5-0 од домашната селекција и практично ги загуби шансите за да стори нешто повеќе на овој Мундијал. Следеа и казни за саудиските репрезентативци, а нивната задача ќе биде да го подобрат впечатокот на денешниот дуел со Уругвај.
Избраниците на Оскар Табарез се намачија, но победија против Египет со 1-0, со голот на дефанзивецот Хименез во 89.минута од мечот. Сега им е отворен патот кон осминафиналето. Интересно е дека Уругвајците се определија за неверојатно искусен состав, со седум фудбалери над 31 година.
„Не се работи овде за младост или за искуство, туку се работи за потребите на репрезентацијата. Имам потполна доверба во фудбалерите“, изјави Оскар Табарез.
ШПАНИЈА – ИРАН (20 часот)
Иран е водечка репрезентација на табелата во групата Б, единствена со три бода по првото коло. Но, Шпанците се апсолутни фаворити, откако им побегна победата против Португалија. Се уште не е јасно како ќе реагира „црвената фурија“ на овој Мундијал, откако на само три дена пред стартот беше променет селекторот. Хулен Лопетеги доби отказ, а Фернандо Јеро ќе ја предводи Шпанија на мечевите од Светското првенство. Но, во селекцијата секако има концентриран квалитет кој ќе исплива на површина.
„Кога би имало некој магичен напиток за да го купиме и да можеме да и се спротиставиме на Шпанија. Ние немаме играчи од таков калибар и супер-ѕвезди во својата селекција. Но, нема да се предадеме и ќе се бориме до самиот крај“, вели селекторот на Иран, Карлош Квеирош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА