Македонските претставници во квалификациите за Лигата на Европа ги добија најтешките можни противници, од петте опции, за 1. квалификациско коло.
И покрај носителската улога, Вардар ќе игра против ерменскиот Пјуни, Работнички ја доби најтешката можна ждрепка – унгарскиот Хонвед, а Шкупи го доби најатрактивниот можен противник – шкотски Глазгов Ренџерс.
Вардар ќе гостува на првиот меч кој се игра на 12. јули, а реваншот е седум дена подоцна, на 19. јули.
Шкупи исто така најпрво на 12. јули ќе гостува во Шкотска, а потоа на 19. јули Глазгов Ренџерс со новиот менаџер Стивен Џерард доаѓа во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА