Милан Ѓукиќ е изборот на раководството на Работник за ново десно крило во овој тим, откако српскиот ракометар денеска потпиша двогодишен договор со битолскиот суперлигаш. Србинот доаѓа во Работник на местото на ветеранот Златко Мојсоски, кој ја продолжува својата кариера во редовите на Бутел.
Тој е поранешен ракометар на Раднички Крагуевац, Војводина од Нови Сад, Мешков Брест, Железничар од Ниш и повремен репрезентативец на Србија, во својата кариера има богато меѓународно искуство и голем број на освоени трофеи во националните првенства и Куп натпреварувањата.
Со Мешков Брест, Борац од Бања Лука и Војводина ја освоил двојната круна, а минатата сезона 32-годишниот Милан Ѓукиќ со Железничар го освои Купот на Србија и имаше просек од седум голови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА