Мекларен го сака Рикиардо на местото на Алонсо и нуди 20 милиони долари

Мекларен не штеди пари за да го донесе Даниел Рикиардо во својот тим за следната сезона во Формула 1. Според „Спорт Билд“, британскиот тим на Рикиардо му понудил годишна плата од 20 милиони долари.

На Австралиецот на крајот од оваа сезона му истекува договорот со Ред Бул и е еден од најатрактивните возачи за водечките тимови во Ф1. Шефот на Ред Бул, Хелмут Марко, го потврди интересот на Мекларен за Рикиардо, но тој се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

„Нашиот Даниел Рикиардо е хит на пазарот. Мекларен нуди се повеќе, од седмица во седмица. Рикиардо не сака да потпише, додека Хамилтон не потпише“ – изјави Хелмут Марко.

Рикиардо се поврзува со Хамилтон бидејќи и Мерцедес е една од отворените опции за Автсралиецот.

Ситуацијата во Мекларен е уште понеизвесна бидејќи на крајот на сезоната им истекуваат договорите и двајцата возачи. Ветеранот Фернандо Алонсо се повеќе гледа кон другите шампионати и може комплетно да се повлече од Ф1, а помладиот Стофл Вандорн нема капацитет да биде лидер во тимот, па од Мекларен бараат алтернатива во Рикиардо.

Се вчитува...