Хрватскиот репрезентативец Мануел Штрлек е едно од новите засилувања во редовите на Веспрем. Штрлек доаѓа од тимот на Кјелце и на левокрилната позиција во унгарскиот тим ќе дели минутажа со Дејан Манасков.
„ Сум играл многупати досега овде против Веспрем. Знам дека овде е најдобрата публика во светот и дека овде се игра добар ракомет. Дојдов во Веспрем токму поради тоа. Клубот е на највисоко ниво, еден од најдобрите во Европа. Мислам дека може да направиме многу големи работи со овој тим“ – истакна хрватскиот репрезентативец на своето претставување во новиот клуб.
Веспрем зад себе има една од најтешките сезони во која неочлекувано рано беше елиминиран од Скјерн во осминафиналето од ЛШ, а потоа и на домашна сцена ја загуби шампионската титула од ПИК Сегед. Засилен со неколку нови имиња меѓу кои е и голманот Арпад Штербик, тимот предводен од Љубомир Врањеш влегува со големи очекувања во новата сезона.
„Од тим како Веспрем, секогаш има големи очекувања. Целта е да ја вратиме титулата во Унгарија, да го освоиуме Купот и да играме на Ф4 во Лигата на шампионите. Знаеме дека е тешко да се освои титулата во ЛШ, но кога ќе стигнеш до Ф4 се е можно. Нашите примарни цели да ги освоиме двете домашни титули и да се пласираме во Келн“ – истакнува Мануел Штрлек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА