Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се враќа во победничка форма во сезоната на трева. Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Квинс со победата во два сета против вториот носител, Григор Димитров од Бугарија со 6-4, 6-1.
Поранешниот прв светски рекет доминираше на теренот, одигра смирено и сигурно и го реши Димитров за 65 минути игра.
Во четвртфиналето на лондонскиот турнир, Ѓоковиќ ќе игра против Адриан Манарино кој во оваа рунда беше поуспешен од Жилиен Бенето со 7-6, 6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА