Симеоне брутално искрен: По четири години анархија, што друго очекувавте од Аргентина

Диего Симеоне има зад себе бројни настапи за аргентинската репрезентација, па со право е исфрустриран од настапите на „гаучосите“ на овој мундијал. Сепак, за разлика од другите за Симеоне тоа не е преголемо изненадување ако се земат во предвид случувањата во аргентинскиот фудбал во претходниот период. Во јавноста се појави аудио снимка од негов разговор со помошникот Герман Бургос, во кој Симеоне жестоко ги критикува фудбалерите и селекторот.

Па што е ова, што се случува со оваа репрезентација во овие четири години. Не е изненадување, што друго може да се очекува, освен тотална анархија, немаме лидер ни на клупата ни на теренот. Овој тим е тотално изгубен, а селекторот цело време експериментира. Против Хрватска требаше да настапи истиот состав кој играше против Исланд“ – дециден е Симеоне.

Според него, главниот дел од вината мора да се бара кај селекторот Сампаоли, кој никако не успева да ја пронајде победничката формула.

„На крајот на денот сите велиме дека играчите се најважни. И навистина се, но тие се околу 60%, а не 90%. Ако тренерот ја зезне работата, полошо е отколку кога играчите ќе потфрлат. Кај нас се случува токму тоа, тренерот не е на висина на задачата, а од него почнуваат сите глупости“ – порачува „Ел Чоло“.

 

Се вчитува...