ВИДЕО: Срамно…. Аргентинци претепаа Хрвати не можејќи да се помират со поразот!

Се случи и првиот поголем инцидент на трибините на дуелите на СП 2018 во Русија. Во моментите на хрватско славје на стадионот во Нижњи, група Аргентинци фрустрирана од дебаклот на својот тим се одлучи да претепа неколку хрватски момчиња.

На снимка која објавија руските медиуми се гледа нападот на Аргентинците додека Хрват лежи на под на трибините… Безбедносни служби немаше никаде, се до моментот кога и самите Аргентинци веќе се одлучија да заминат.

„Навивачот кој го претепаа не можеше да ги препознае напаѓачите. Не му помогнаа многу ниту негови сонародници кои очигледно беа зафатени со прослава за победата на Хрватска“ – пишуваат руските медиуми.

Се вчитува...