Германскиот бундеслигаш Лајпциг сака да го засили својот тим за следната сезона со Хакан Чалханоглу. Одличниот играч за врска од Баер Леверкузен минатото лето се пресели во италијанскиот Милан, но не импресионираше со игрите. Тоа сака да го искористи раководството на Лајпциг и да го врати во Бундес-лигата со понуда вредна 30 милиони евра.
Милан е во неволја поради непочитување на финансискиот фер-плеј на УЕФА, ќе заработи и суспензија, и дефинитивно ќе мора да продава играчи во овој летен преоден рок. Тоа е добра можност за Чалханоглу да се врати во Германија. За него постои интерес и од Премиер – лигата, а Тотенхем и Вест хем би сакале да го видат во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА