Македонската кошаркарска репрезентација веќе шести ден тренира како дел од подготовките за дуелот со Швајцарија, со кој „црвено-жолтите“ в четврток ќе го завршат овој претквалификациски циклус. Целта е јасна, со триумф да се стави печат на овој циклус, па со победничка атмосфера да се влезе во наредните квалификации, во кои за ривали ќе ги имаме Косово и Романија или Хрватска.
По низата откажувања, сега здравствениот билтен е добар, кошаркарите работат со полна пареа, во новата средина добро се адаптира и новиот Американец Витингтон, кој ќе биде значаен адут против Швајцарците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА