Бронза за Келебиќ, прв медал за Македонија на Медитеранските игри во Тарагона

Каратистот Ненад Келебиќ и го донесе првиот медал на Македонија на Медитеранските игри во Тарагона. Келебиќ се закити со бронза откако во борбата за медал го победи Португалецот Жоаким Мендес, со 3-2 (2-2) со судиско изјаснување.

Без медал на карате турнирот во Tарагона остана нашиот прв фаворит, Емил Павлов. Тој во полуфиналето загуби од Мароканецот Абделсалам Амекнаси со 1-5, а потоа во  борбата за бронзениот медал, во крајно драматичен финиш беше поразен од Турчинот Ерај Самдан.

Се вчитува...