Ромелу Лукаку продолжи со одличните настапи на овој мундијал, па по двата гола против Панама белгискиот ас беше подеднакво ефикасен и на денешниот дуел со Тунис.
Со тоа Лукаку испиша историја, станувајќи прв фудбалер по пауза од 34 години кому му успеало на два мундијалски меча по ред да постигне најмалку по два погодоци.
Тоа последен пат му успеало на Диего Армандо Марадона, кој на СП во Мексико беше двоен стрелец против Белгија и Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА