Фудбалската репрезентација на Белгија ја оствари втората победа на Светското првенство совладувајќи го убедливо Тунис со 5-2. „Црвените ѓаволи“ се веќе во осминафиналето и се израмнија со Русите, кои исто така постигнаа осум гола на првите два мундијалски меча. Ова воедно е првпат во историјата на белгискиот фудбал, селекцијата да постигне пет гола на мундијалски натпревар.
Еден Азар од пенал во осмата минута го отвори резултатот, а потоа следеа два погодоци на Ромелу Лукаку. Тунис претходно намали на 2-1, со погодокот на Дилан Брон во 18.минута.
Азар ја отвори серијата голови и во вториот дел, погодувајќи во 51.минута, а Мичи Батшуаи во 90.минута ја потврди „петардата“ за Белгија. Тунижаните возвратија веќе во следниот напад за конечни 5-2, а голот беше дело на Казри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА