Фудбалската репрезентација на Мексико ја оствари втората победа на Мундијалот, совладувајќи ја селекцијата на Јужна Кореја со 2-1. Мексиканците го потврдија епитетот на фаворити и поведоа со голот од пенал на Карлос Вела во 26.минута, а Хавиер Хернандез во вториот дел постигна и втор погодок за „сомбреросите“. Тоа беше 50.гол во репрезентативниот дрес за популарниот Чичарито.
Јужна Кореја многу доцна се разбуди, а најдобриот фудбалер на оваа репрезентација, Хјонг-мин Сон во третата минута од судиското продолжение го постигна почесниот погодок. Сепак, триумфот му припадна на Мексико кој речиси сигурно патува во осминафиналето.
Во вториот меч од групата Ф, актуелниот светски првак Германија ќе се бори да остане во живот, за што им е потребна победа против Шведска.
GOAALLL! Carlos Vela scores the penalty for Mexico after a Korea Republic handball
#KOR #MEX #WorldCup #KORMEX pic.twitter.com/XlE1e5cIrY
— ITV Football (@itvfootball) June 23, 2018
GOAL! JAVIER HERNANDEZ! CRACKING FINISH!
#KOR 0 – 2 #MEX #KORMEX #WorldCup pic.twitter.com/Eg5Hjnj839
— FIFA World Cup (@WorIdCupUpdates) June 23, 2018
One of the best goals of the tournament. Take a bow Son. pic.twitter.com/DdRyPHrH4d
— World Cup (@FlFAWC2018) June 23, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА