Добро позната е изјавата на Гери Линекер за германската репрезентација, кога по полуфиналето од СП 1990 англискиот голгетер истакна : Фудбалот е едноставна игра во која 22 луѓе трчаат по топката, а на крајот секогаш победуваат Германците.
Оваа изјава, која пред 28 години стана една од најпознатите во фудбалската историја, денеска го доби своето продолжение. По драматичниот финиш и триумфот на Германците над Шведска, Линекер се јави со својот став на „оваа тема“.
„Фудбалот е едноставна игра во која 22 луѓе ја бркаат топката 82 минути. Тогаш Германците добиваат црвен картон, па 21 човек ја бркаат топката уште 13 минути… и на крајот Германците некако еб..о стигнуваат до победата“ – напиша Линекер на својот твитер-профил.
Football is a simple game, 22 men chase the ball for 82 minutes and the Germans get a player sent off so 21 men chase the ball for 13 minutes and at the end the Germans somehow fucking win.
— Gary Lineker (@GaryLineker) June 23, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА