Покрај за Џака и Шаќири, ФИФА со дисциплинска постапка и против Крстајиќ

Селекторот на Србија, Младен Крстајиќ би можел да добие казна од ФИФА поради коментарот на сметка на судијата Феликс Брих.

Незадоволен од судиските одлуки Крстајиќ ден по мечот меѓу Србија и Швајцарија истакна дека би го испратил Брих во Хаг за да му судат како што тој и судел на српската селекција. Токму поради таа изјава ФИФА покрена дисциплинска постапка против Крстајиќ.

Исто така, како што е познато од претходно, ФИФА покрена постапка против двајцата репрезентативци на Швајцарија, Гранит Џака и Џердан Шаќири за нивните гестикулации со политички пораки, но и против Фудбалскиот сојуз на Србија поради навредливи пароли со политички пораки од страна на навивачи на Србија на мечот против Швајцарците.

 

Се вчитува...