Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, ги следи натпреварите од Светското првенство како аналитичар, но исто така и размислува за тимот на „црвените ѓаволи“ за следната сезона. Тој не беше задоволен од игрите на Французинот Пол Погба во Премиер – лигата и би му дозволил да си замине од „Олд трафорд“ ова лето, но само доколку за возврат го добие Хрватот Иван Ракитиќ.
Барселона е заинтересирана за Погба, а Мурињо размислува за спектакуларна размена во која Ракитиќ би го засилил Манчестер јунајтед. Иако Хрватот е значително повозрасен од Погба, Мурињо смета дека со него ќе добие многу поголема стабилност во средниот ред и баланс меѓу одбраната и нападот. Една од најголемите замерки што тој ги имаше кон Погба е лесното губење на топката и големиот број погрешни проигрувања.
Според сегашната вредност на трансфер – пазарот, Барселона и ќе треба да доплати околу 30 милиони евра за да се реализира оваа сензационална размена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА