Лазаров: Немавме многу среќа во ждрепката

Капитенот Кире Лазаров не е премногу оптимстички расположен по денешната ждрепка на која Македонија ги дозна противниците на СП 2019. „Црвено-жолтите“ во Минхен ќе ги одмерат силите со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и со Јапонија, а Лазаров уште еднаш посочи дека приоритет во следниот период мора да биде проширување на ростерот со играчи кои ќе можат да издржат дел од товарот на големите натпреварувања.

Според мене немавме многу среќа во ждрепката. Добивме квалитетни инезгодни репрезентации од Европа, со кои ќе водиме битка за следната рунда. Доколку не го прошириме нашиот ростер со квалитетни играчи кои ќе поделат квалитетна минутажа и одговорност, не можам да бидам долем оптимист. Уште повеќе ме загрижуваат слабите игри на „медитеранците“ и поразите од Турција и од Египет, а во таа селекција имаме седум репрезентативци од А тимот. Како и да е, ние ќе сториме се за да се подготвиме квалитетно и да го дадеме максимумот и на овој светски шампионат“ – изјави Лазаров.

Се вчитува...