Одбојкарската репрезентација на Македонија неславно го заврши настапот на Медитеранските игри и предвреме ја напушта Тарагона. Македонскиот олимписки комитет (МОК) информира дека одбојкарите предвреме ќе бидат вратени во Скопје поради недисциплина.
„Поради недисциплина, недолично и неодговорно однесување, манифестирано во Медитеранското село, ноќта по последниот натпревар на македонските одбојкари против Шпанија, делегацијата на Македонскиот олимписки комитет одлучи заради овој немил настан, машката одбојкарска репрезентација пред време да биде вратена во Скопје“ – стои во известувањето од МОК.
Македонските одбојкари на Медитеранските игри завршија со два порази од Египет и од Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА