Јеро: Вака нема да стигнеме далеку…

Шпанија и со реми против Мароко (2-2) стигна до првото место во групата, но селекторот Фернандо Јеро е свесен дека со вакви изданија „црвената фурија“ нема речиси никакви шанси да атакува на највисок пласман на овој мундијал. Тој гласно им порача на своите фудбалери дека почнувајќи од осминафиналето со Русија, од нив очекува далеку подобри изданија.

„Први сме на табелата, по долго мачење. Знаевме што ќе се случи, дека ќе играат храбро, но сепак не одговоривме на предизвикот. Мораме да бидеме самокритични, ова не е начинот на кој Шпанија треба да игра фудбал, вака нема да стигнеме далеку. Дозволуваме премногу шанси на противникот, а ние не создаваме бројни чисти ситуации за гол. Поседуваме доволно офанзивни оружја, но во одбраната мораме да играме подобро. Имаме пред себе сон, за да ни се оствари мораме да работиме, да напредуваме и да ги отстрануваме грешките што досега ги правевме“ – изјави Јеро.

Шпанија и Русија осминафиналниот натпревар ќе го одиграат на 1 јули со почеток во 16 часот.

Се вчитува...