Ѓоковиќ без големи очекувања, Мареј уште не е сигурен дека ќе учествува на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, двајцата поранешни тенисери број еден во светот се наоѓаат во специфична дел од кариерите токму во пресрет на најзначајниот гранслем, Вимблдон. Србинот е во понапредна фаза од процесот на враќање на вистинската форма. Тој веќе има забележителни турнирски резултати, од почетокот на сезоната има 18 победи и 9 порази, а на последната АТП листа се врати меѓу дваесетте најдобри со што ќе биде меѓу дванаесетте носители на Вимблдон. Сепак, Ѓоковиќ е свесен дека не треба да има големи очекувања од настапот на престижниот гранслем.

„Не би рекол дека сум претендент за титулата на Вимблдон. Не можам да имам високи очекувања со оглед на резултатите што ги имав во претходните години. Меѓутоа, задоволен сум што на Вимблдон одам по финалето во Квинс“ – изјави Ѓоковиќ кој последниот гранслем триумф го имаше во 2016 година.

Во многу понезавидна ситуација е двокарниот освојувач на Вимблдон, Енди Мареј. Тој и натаму не е сигурен дека ќе учествиува на турнирот во Лондон. Имаше неуспешен обид за враќање во Квинс, но беше елиминиран во стартната рунда. Мареј со специјална покана учествува на турнирот во Истбурн и во првото коло го победи Станислас Вавринка. Мареј е моментално 156 тенисер во светот.

„Ќе одлучам кога ќе бидам подготвен. Не си правам притисок за одлука по само еден или два меча. Не морам да ги правам тоа. Ако почувстувам дека сум во доволно добра форма, ќе играм. Во спрoтивно јасно дека нема да учествувам. Но последните два меча кои што ги одиграв беа особено позитивни“ – вели Мареј во пресрет на Вимблдон.

 

 

 

 

Се вчитува...