Лионел Меси конечно го постигна првиот гол на овој светски шампионат, носејќи ја Аргентина во водство на дуелот со Нигерија.
Аргентинецот беше жестоко критикуван за слабите игри во првите две кола, но вечерва одговори на предизвикот, со фантастична контрола по долгото додавање на Банега, пред со силен удар да го совлада противничкиот голман.
Ова беше прв мундијалски гол за Меси по 662 минути игра, откако последниот го постигна во групната фаза од СП 2014, исто така против Нигерија.
LIONEL MESSI’S GOAL! ?
[via @vFCStats]pic.twitter.com/saoSYI3ijf— FlFA World Cup (@WorIdCupFC) June 26, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА