МЗТ се договори со Американецот Лестер Медфорд

Кошаркарскиот вицепрвак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром доведе ново засилување во екипата за претстојната сезона. Тимот од „Јане Сандански“ потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона,  со американскиот плејмејкер, Лестер Медфорд. 25-годишниот кошаркар, во МЗТ Скопје доаѓа од литванскиот прволигаш Невезис.

Претходно, тој сезоната ја почна во Швајцарија во тимот на Женева лајонс, додека негов прв клуб во Европа беше унгарски Фалко Шомбатели, каде што настапуваше во сезоната 2016/17. Во НЦАА-лигата во САД прво две сезони настапуваше за Индијан хилс (2012-2014), а потоа ист период играше за далеку попознатиот во кошаркарските кругови, Бејлор беарс (2014-2016).

Медфорд е второто засилување за МЗТ Скопје Аеродром во текот на летниот преоден рок, по повратникот Љубомир Младеновски, а е четврти потврден кошаркар во ростерот на „металците“,  заедно со Дарко Соколов и Андреј Маслинко. МЗТ претходно потврди и дека ја продолжува соработката со тренерот, Ѓорѓи Кочов.

Се вчитува...