УЕФА го суспендира Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан и дефинитивно нема да биде дел од Европа следната сезона. УЕФА донесе одлука поради непочитување на финансискиот ферплеј да го казни Милан со забрана за играње во европските купови, Лигата на шампионите или Лигата на Европа, во наредните две појавувања. „Росонерите“ нема да бидат дел од ЛЕ оваа сезона, а и следниот пат кога ќе обезбедат учество.

 

Се вчитува...