ЕКИПА во Фрибург, Швајцарија
Стеван Цаневски
Македонската кошаркарска репрезентација по четири часа пат, половина со авионски лет од Скопје до Базел и потоа уште два часа со автобус до финалната дестинација каде го играме квалификацискиот натпревар со Швајцарија, веднаш вечерва го одработи и единствениот тренинг во пресрет на утрешниот дуел.
Селекторот Јорданчо Давитков им сервираше полесен тренинг на репрезентативците пред се во насока на запознавање на условите кои утре не очекуваат во малото швајцарско место кое, според нашите први впечатоци, и воопшто не е запознаено дека утре тука се игра кошаркарски репрезентативен натпревар.
Како и да е, македонските репрезентативци во максимално позитивно расположение го очекуваат мечот со отворени амбиции со триумф да се заврши оваа прва фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Натпреварот против Швајцарија утре се игра од 19:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА