Бразилците ја спакуваа Србија и го чекаат Мексико, Швајцарија на мегдан со Шведска

Бразил ја оправда фаворитската улога во групата Е, со триумфот над Србија со 2-0 го освои првото место со седум бода и ќе ги одмери силите со Мексико во осминафиналето на Светското првенство во Русија. Втор патник од оваа група е селекцијата на Швајцарија, која ремизираше против Костарика (2-2) и собра пет бода, а ќе вкрсти против Шведска во првиот дуел од нокаут фазата.

Бразилците не дозволија изненадување против Србија. Паулињо во 36.минута го совлада српскиот голман Стојковиќ со одличен лоб удар, а Тијаго Силва со удар со глава ја потврди победата на „кариоките“.

Швајцарија поведе со голот на Блерим Џемаили во 36.минута. Костарика израмни преку Кендал Вотсон на стартот од вториот дел, а Јосип Дрмиќ во 88.минута од дуелот повторно донесе предност за земјата на часовниците и чоколадите. Сепак, Брајан Руиз од пенал израмни на 2-2 во судиското продолжение од мечот.

Се вчитува...