Милан сака да игра во Лига Европа за која избори пласман и очекувано, „росонерите“ поднесоа жалба по одлуката на УЕФА да го исфрли клубот од европските натпреварувања.
УЕФА денеска ја објави својата одлука, која ќе стапи на сила дури откако ќе биде обработена жалбата на италијанскиот тим кој е казнет поради кршење на условите за финансиски фер-плеј. Казната за Милан е забрана за настап во европските натпреварувања во наредните две сезони. Тоа значи дека Милан ќе го пропушти настапот во Европа, изборен во изминатата сезона во Серија А.
„УЕФА реши да го санкционира Милан поради прекршување на правилникот за лиценцирање на клубови и финансиски фер-плеј во периодот од 2014 до 2017 година… Милан на својот правен тим му наложи да поднесе жалба по одлуката пред Арбитражниот суд во Лозана. Во Милан целосно веруваме дека Судот ќе ги земе предвид нашите аргументи“ – се вели меѓу другото, во известувањето од италијанскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА