Бразил ја испрати дома репрезентацијата на Србија која го завршува настапот на СП во Русија. Но , на вчерашниот дуел во Москва, подебелиот крај го извлекоа и неколку српски навивачи во пресметката на трибините со Бразилците.
Пред крај на натпреварот по кој Србија испадна од Мундијалот, дишло до физичка пресметка на трубините меѓу српските и бразилските навивачи при што најмногу настрадале членовите на едно српско семејство кои дошле од Цирих да ја бодрат својата репрезентација. Тие прво биле провоцирани, а потоа и нападнати од осум бразилски навивачи.
„Уште од почетокот на натпреварот имаше пцовки и најгрди провокации од дел од навивачите на Бразил. На натпреварот бев со татко ми и со мајка ми која го слушаше сето тоа. Татко ми некое време молчеше и трпеше, а потоа во еден момент и кажа да престанат, после што еден Бразилец стана и тргна кон него да се пресметува. Тој почна да го удира татко ми, а потоа му се придружија уште седум други навивачи од групата. Јас и мајка ми се обидовме да го одбраниме. Жално е што никој од српските навивачи не дојде да ни помогне, туку целата сцена ја снимаа и гледаа како не тепаат Бразилците. Никој не реагираше ни на тоа пто беше нападната една жена“ – раскажува нападнатиот навивач за српските медиуми.
Србија во овој дуел загуби од Бразил со 0-2 и го заврши настапот на СП во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА