Веќе нема дилеми, Сташ Скубе е наследникот на Лука Циндриќ во тимот на Вардар откако словенечкиот среден бек денеска го офгицијализираше потписот со актуелниот првак на Македонија. Со тоа се затвори и „кругот“ на преселби меѓу Кјелце, Пик Сегед и Вардар, со кој Циндриќ замина во Полска, Бомбач се пресели во редовите на унгарскиот првак, по што Скубе реши да дојде во Македонија.
Скубе доаѓа во Скопје како актуелен првак на Унгарија. Тој беше еден од клучните играчи на ПИК Сегед во освојувањето на шампионската титула на клубот во Унгарија запирајќи ја доминацијата на Вепрем.
Вардар ќе биде втор клуб во неговата интернационална кариера. Претходно две сезони настапуваше за ПИК Сегед каде сега ја освои титулата, а претходно три сезони (2013-2016) беше дел од тимот на Горење Велење.
„ Вардар го избрав затоа што е еден од најдобрите екипи во Европа. Среќен сум што ќе бидам дека од голем тим. Очекувам многу, значи дека ќе се обидеме да стигнеме до самата завршница во сите натпреварувања. Мислам дека ќе бидеме добра екипа, и едвај чекам сѐда почне“, изјави Сташ Скубе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА