ФИФА му дава „црвен картон“ на Марадона?!

Диего Армандо Марадона би можел да добие „црвен картон“ од страна на ФИФА поради неговото однесување за време на последниот натпревар против Нигерија. Аргентинската фудбалска легенда имаше неколку инциденти за време на мечот, а потоа со влошено здравје Марадона беше пренесен во болница во Санкт Петербург.

Осцилациите во неговото расположение многумина ги оценија како последица на користење на наркотични средства, па челниците на ФИФА сега се принудени да реагириаат. Марадона е дојден во Русија како нивни гостин и амбасадор на мундијалот, но според Џани Инфантино и неговите соработници Аргентинецот не само што не го подобрува имиџот на СП 2018, туку со своето однесување и го нарушува истиот.

Светските медиуми објавуваат дека Марадона земал по 15.000 евра за секој натпревар што ќе го следи во Русија, тие пари до крајот на мундијалот ќе му бидат укинати, а се размислува и за подрастични мерки – црвен картон за Диего Армандо Марадона во нокаут фазата од мундијалот. Добро упатени извори тврдат дека тој ќе добие „последна опомена“, па во случај на ново „шоу“ за време на мечот со Франција ќе следи и дефинитивен црвен картон за светската легенда од овој мундијал.

Се вчитува...