Женскиот тенис по суспензијата на Марија Шарапова се соочува со нов скандал откако денеска беше обелоденето дека најдобрата тенисерка на сите времиња, Серена Вилијамс, одбила да даде примерок при ненајавениот допинг-тест.
Станува збор за случка од 14 јуни, кога во 8.30 часот наутро во нејзиниот дом се појавил агент на УСАДА, американската анти-допинг агенција. Таа веќе ја имала напуштено куќата, но агентот одбивал да си замине се до нејзиното враќање назад. Како што јавуваат американските медиуми, следела бурна расправија преку телефон, Американката тврдела дека е неправедно малтретирана од УСАДА бидејќи годинава веќе и се направени шест допинг-тестови, многу повеќе од нејзините ривалки од врвот на светскиот тенис.
Таа одбила да биде тестирана, за што според правилата не следи автоматска казна кога „проверката е ненајавена“. Сепак, самото одбивање покренува сериозни сомнежи, и тоа пред настапот на Вимблдон на кој Американката важи за една од главните фаворитки за трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА