ЕКИПА во Фрибург, Швајцарија
Стеван Цаневски
Кошаркарите претрпеа пораз од Швајцарија, конечниот резултат не ги наруши пресметките за задржување на првото место на табелата, но меѓу репрезентативците останува разочараноста од конечниот исход. Најмногу од се – од жал што со победа не им се оддолжија на македонските фанови кои во голем број пристигнаа во Фрибург и им дадоа безрезервна поддршка.
„Искрено, најмногу ни е жал за навивачите, ќе беше идеално да им се оддолжевме со победа бидејќи атмосферата беше фантастична, исто како да игравме дома. Голема благодарност до сите за укажаната поддршка, која многу ни значеше. Што се однесува до натпреварот, се обидовме да триумфираме, успевавме да се вратиме, но во клучните моменти домаќините ги погодија своите шутеви и победија на крајот. Чувството да се загуби никогаш не е убаво, но за нас сепак најважно останува што го осигуравме првото место во групата и што одиме понатаму“ – истакна плејмејкерот Александар Костоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА