Навивачите на Англија со нетрпение ја очекуваат втората фаза од натпреварите на Светското првенство во Русија. Иако „Гордиот Албион“ во Русија пристигна со никогаш помали шанси за некој посебен резултат, сепак по првата фаза им даде сериозна надеж на своите фанови дека може и далеку на Мундијалот 2018.
По синоќешниот пораз од Белгија (0-1), Англија оди во осминафиналето на Колумбија, а во евентуалното четвртфинале го чека подобриот од мечот меѓу Швајцарија и Шведска, па Англичаните имаат и тоа како добар пат за пласман до полуфиналето.
Англиските медиуми, покрај ова, открија и уште една причина зошто може да се надеваат на чудо во Русија и на шампионската титула: Постојат бројни сличности во англискиот и европскиот фудбал со 1966 година кога Англија стигна до светската круна.
Реал Мадрид и таа 1966 година ја освои европската титула, Барнли се избори за настап во Купот на УЕФА, Манчестер сити беше шампион на Англија, Челси заврши на 5. место… Се се поклопува и во оваа 2018 година, а останува само уште Англија да стане светски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА